Ромелу Лукаку е нов  играч на Интер откако клубот од Милано за 65 милини евра плус бонуси потпиша договор со Јунајтед за потписот на репрезентативецот на Белгија.

Конечно сагата заврши, Интер го победи Јувентус во трката за  Лукаку. Белгиецот е веќе во Милано, пристигна утринава со приватен авион во Италија каде ќе ги има медицинските прегледи.

Лукаку беше еуфорично пречекан од околу 500. навивачи на Интер на аеродромот „Малпенса“  во Милано  иако беше околу 2 часот наутро.