Интер обезбеди пласман во четвртфиналето во Купот на Италија откако во продолжението запиша победа со гол на Лукаку во 119 минута против Фиорентина.

Во регуларниот дел средбата заврши 1-1, Видал го доведе Интер до предност во 40 минута од пенал, домашните израмнија во второто полувреме преку Куаме.

Лукау го спаси Интер од изведување на пенали, со прекрасна реакција, погоди во 119 минута за четвртфинале во Купот и дуел со Милан.