Саутепмтон игра одлично во воведното полувреме против Манчестер Јунајтед во натпревар од 10 коло од Премиер лигата.

Домаќините поведоа преку Бендарек во 23 минута по одлично изведениот корнер од Ворд-Праус, за потоа капитенот на Саутемптон да постигне ефектен гол од слободен удар во 33 минута за 2:0 по што Де Геа се повреди со судирот со стативата.