Маурицио Сари имаше можност од прва рака да ги види квалитетите на Пауло Дибала во денешната минимална победа на Јувентус од 1:0  против Триестина.

На овој контролен натпревар добија шанса сите играчи кои во новата сезона ќе го носат дресот на „Старата Дама“, барем оние кои најчесто ќе ги гледаме во составот на Сари.

Пауло Дибала го постигна единствениот гол во 38 минута од првото полувреме и уште еднаш потсети дека има квалитет иако Сари не го планира за првиот тим а клубот размислува да го продаде до крајот на летниот рок.