Интер славеше во градското дерби против Милан со 3:2, докажувајќи дека не се откажуваат од трката за титулата со Јувентус кој во ова 23 коло загуби до Верона со 2:1.

Милан одлично одигра во првото полувреме и со головите на Ребиќ и на Ибрахимовиќ на пауза замина со предност од 2:0.

Во вториот дел, Брозовиќ намали на 1:2 во 51 минута а Матиас Весино израмни по асистенцијата на Алексис Санчез во 54 минута.

 

Пресвртот за 3:2 го реализираше на дефанзивецот на Интер, Стефан Де Вриј во 70 минута по додавањето од Кандрева.

Конечните 4:2 беа дело на Ромелу Лукаку во 93 минута.

Со оваа победа Интер се врати на врвот на табелата поради подобрата гол разлика од Јувенутс, додека Милан по 23 кола е десетопласиран со 32 бодови, 22 помалку од лидерската двојка.