Публиката на „Роазон Парк“ имаше причини за радост откако нивните миленици најдоа начин да го свртат резултатот за победа против фаворизираниот ПСЖ.

По грешката во одбрана и голот на Кавани во 36 минута, домаќинот се врати во игра преку Нианг на 1 минута до крајот на полувремето.

Конечните 2:1 ги постави Дел Кастиљо на стартот од второто полувреме.

На ова Тухел одговори со три измени, во игра влегоа Дагба, Паредес и Сарабиа но не променија ништо посебно.