Златан Ибрахимовиќ блеска, повторно запиша гол во дресот на Милан, вчера против Џенова од слободен удар, прекрасен погодок со кој беше најавена победата на „росонерите“.

Со овој гол, Ибрахимовиќ стигна до бројката од 73 гола, се израмни со Пипо Инзаги на 10 место на вечната листа на стрелци кај Милан во Серија А, воедно за Швеѓанецот ова беше 153 погодок во калчо лигата.