Барселона се врати на лидерската позиција во Ла лига откако славеше со 1:0 во дербито на колото на гостувањето кај Атлетико Мадрид.

Натпреварот го одбележија опасните стартови, повредата на Пике, одбраната на Тер Штеген и секако голот на Лионел Меси за победа на „каталонците“ во 86 минута по додавањето од Суарез.

 

Со овој триумф Барселона се врати на првото место на табелата во Ла лига со 31 бод колку што има и Реал Мадрид но „кралевите“ имаат полоша гол разлика.

Во следното коло Барселона ја пречекува Мајорка а Атлетико Мадрид ќе му гостува на Виљареал.