Фудбалерите на Борусија Менхенгладбах се искачија на четвртото место на табелата во Бундес лигата откако го совладаа Келн со 2:1 во заостанатиот натпревар од 21 коло.

Суперталентираниот Емболо постигна прекрасен гол за 1:0 во 32 минута. На 2:0 зголеми Мере со автогол а конечните 2:1 беа дола на Ут во 81 минута.

 

Во регуларното 26 коло Менхенгладбах ќе му гостува на Франкфурт додека Келн е домаќин на Мајнц.