Милан славеше со 4:2 во дербито на колото во Серија А против фаворизираниот Јувентус. Победа со пресврт за која допрва ќе се анализира што се случи со одбраната на гостинот по еден час игра.

Јувентус последен пат прими три гола за пет минути во октовмри 2013 година од Фиорентина.

Се добро почна за „Старата Дама“, откако во првото полувреме немаше голови, во вториот дел Рабио во 47 минута, па Роналдо во 53 минута го матираа Донарума за предност од 2:0.

 

Пресвртот на Милан започна во 62 минута со голот на Ибрахимовиќ од пенал, Кеси израмни на 2:2 во 66 минута, а во следниот напад Леао реализираше за 3:2.

 

 

Конечните 4:2 беа дело на Анте Ребиќ во 80 минута.

За Милан ова беше 14 овосезонска победа во Серија А, прва над Јувентус по пауза од нецели четири години.

Standings provided by SofaScore LiveScore