Баерн Минхен славеше со 1:0 на гостувањето кај Борусија Дортмунд во дербито на 28 коло во Бундес лигата.

Единствениот гол на мечот го постигна Кимих во 43 минута, ова се покажа како доволно за трите бода да ги освои гостинот од Минхен.

Со оваа победа Баерн Минхен се зацврсти на врвот на табелата со предност од 7 бода во однос на Борусија Дортмунд која останува на второто место.