Зинедин Зидан направи голема промена во системот на игра на Реал Мадрид на денешната контролна средба против Салзбург.

„Кралевите“ победија со голот на Еден Азар но главната вест од овој меч е одлуката на Зидан, Реал Мадрид да игра во систем 3-5-2.

Во почетниот тим шанса доби и новото засилување Милитао кој заедно со Рамос и со Варан ја сочинуваа стоперската тројка.