Водството од 2:0 по 53 минути не му донесе на Келн победа над Мајнц во првото коло по паузата од Ковид-19, поточно во 26 коло од Бундес лигата.

Домаќинот поведе со головите на Ут (6 мин пенал) и Кајнц во 53 минута по додавањето на Дрекслер.

Гостинот се врати набрзина, Авони влезе во игра во 56 минута и во 61 мин намали на 1:23 а конечните 2:2 беа дело на Малонг во 72 минута.