Драматичен крај имаше дуелот меѓу Мајорка и Атлетик Билбао кој завшри без победник 0:0. По релативно мирното прво полувреме вториот дел беше сосема поразличен.

Кубо влезе во игра на местото на Родригез и во 82 минута беше соборен во шеснаесетникот на  Симон по што Мајорка доби шанса да поведе но Пратс не реализираше од белата точка.

Во 96 минута, Адуриз не реализираше пенал на спротивната страна а малку недостигаше Мајорка да добие втор пенал но со помош на ВАР технологијата во 97 минута беше отфрлена таа опција.

Се играше вкупно девет минути во продолжението во кое Мајорка постигна гол kој беше поништен поради офсајд.

Нашиот репрезенативец, Александар Трајковски беше на клупата за резерви но не доби шанса на овој натпревар.