Сосема неочекувано, Селта Виго беше декласирана на гостувањето кај Мајорка со 5:1 по ремито со Барселона во минатото коло во Ла Лига.

Мајорка одлигра перфектно, головите ги постигнаа Будмир, Чуњо, Позо и Севиља. За гостите единствено реализираше Аспас од пенал во 50 минута.

 

Александар Трајковски влезе во игра во 83 минута иако се очекуваше да добие повеќе минути на денешниот натпревар.

Со оваа победа ја намали разликата во одност на Селта која е едно место погоре на табелата во Ла лига и ги задржи шансите за опстанок кои во овој момент се мали со оглед на тоа дека има уште 5 кола до крајот на сезоната.

Standings provided by SofaScore LiveScore