Фудбалерите на Мајорка ја прекинаа низата без триумф во Ла лига откако попладнево славеше против Еспањол на домашен терен со 2:0.

Будимир го отвори резултатот во 37 минута а на 2:0 зголеми Салва Севилја во 73 минута .

Нашиот репрезентативец, Александар Трајковски не доби шанса на денешниот натпревар и покрај тоа што беше меѓу резервите на клупата на Висенте Морено.

 

Ова беше втора победа на Мајорка во оваа сезона по онаа над Еибар на 17 август. Во следното коло Мајорка и Трајковски се домаќини на Реал Мадрид.