Вилјареал ја совлада Мајорка со 1-0, гол постигнат во 16 минута од средбата и  е дело на Бака.

Бака реагираше одлично на самата гол линија и успеа да му донесе минамален триумф на својот тим.

Александар Трајковски влезе во игра во 67 минута, но не успеа да се запише во листата на стрелците. Мајорка со овој пораз остана на 18 позиција на табелата, Вилјареал со новите 3 бода сега е на 7 место со 44 бода, во игра е заа 4 место и Лигата на шампионите.