Фудбалерите на Мајорка ја запишаа седмата овосезонска победа во Ла лига откако триумфираа на гостувањето кај Еибар со 2:1 во натпревар од 27 коло.

Головите за победникот ги постигнаа Родригез во 42 минута и Кубо во 78 минута. Домаќинот го ублажи поразот со реализација во 91 минута преки Бигас.

Македонскиот репрезентативец, Александар Трајковски повторно не беше меѓу повиканите во ростерот на Мајорка.