На средбата од 20. коло на првенството на Јужноафричка Република, меѓу екипите на Мамелоди Сандаунз и Блумфонтејн Селтик, се случи невообичаена ситуација.

Екипата на Сандаунз водеше со 2:1 и пред самиот крај требаше да изведе корнер. За да го добијат овој важен натпревар фудбалерите на домашната екипа решиле максимално да „украдат“ од времето.

Дури четворица играчи се изредија да го изведат корнерот, тројца од нив добија и жолти картони, но успеаа да потрошат дури три минути од времето.

Средбата заврши со 2:1.