Македонската женска фудбалска репрезентацијае доживеа катастрофален пораз на гостувањето вечерва во Франција во квалификациите за Европското првенство, откако фаворитот во групата Г славеше со 11- 0.

Французинките го отворија резултатот уште со првиот напад преку Говин, која биеше прецизно со глава по само десет секунди.

Четири минути подоцна на семафорот на стадионот во Орлеан стоеше 2-0 со голот на Ле Сомер.Истата фудбалерка во 21 минута зголеми на 3-0 за „триколорите“, Де Алмеида во 39 минута биеше прецизно за 4-0, а конечните 5-0 на полувреме беа дело на Диани во судиското продолжение.

Французинките продолжија со силно темпо и по паузата, Ле Сомер постигна уште два гола, исто како и Гејоро, а  прецизни беа и Асеи и Каскарино за конечни 11-0.