Финалистот од пред три години, Македонија ЃП се пласираше во полуфиналето од Купот на Македонија откако го елиминираше Шкупи на домашен терен по изведувањето на пеналите во денешното четвртфинале.

По регуларните 90 минути немаше голови, па победникот беше решен по изведувањето на пеналите.

Домаќинот погоди четири пенали, додека лидерот во ПМФЛ реализираше само еден преку Чешмеџиев.