Фудбалерите на Македонија Ѓорче Петров одиграа 1-1 против Бугарскиот Локомотив Пловдив натпревар кој се одигра во рамките на подготовките во пресрет на новата сезона.
Мечот се одигра на стадионот во Самоков.Тимот на Локомотив Пловдив поведе со 1-0 преку Димитар Илиев во 3 минута, додека Македонија Ѓорче Петров изедначи преку Паду во 57 минута.
Според информациите првото полувреме им припадна на домаќините,додека во вториот дел македонскиот тим бил подобар по што падна изедначувачкиот гол.
Be the first to write a comment.