Македонија ЃП запиша победа со 1-0 против Силекс, 22 коло во ПМФЛ, прва средба од викенд колото во елитната фудбалска дивизија.

Канаѓанецот Мавунио Коџо, кој го одигра третиот натпревар за Македонија ЃП со дебитантскиот гол донесе 3 бода за домашниот тим.

Коџо погоди во 19 минута од средбата, за Македонија ЃП ова беше 11 победа сезонава со која се зацврсти на 3 место на табелата, Силекс има 11 порази и со 23 бода е на 9 место.