Македонската А фудбалската репрезентација со победа над Израел од 1:0 на „Тодор Проески“ во Скопје ги заврши квалификациите за Европското првенство во 2020 година.

Голот на Бобан Николов (45+2 минута) беше доволен за прекинување на традицијата, за прв пат Израел загуби на гостување во Македонија на официјален натпревар.

Избраниците на Игор Ангеловски одиграа безмалку перфектен натпревар, доминираа, беа подобриот тим, создадоа повеќе шанси а одново Елмас и Барди заедно со калиптено Горан Пандев беа најдобрите поединци во нашиот состав.

Македонија овие Евроквалификации ги завршува на третото место во групата Г со резултат од четири победи две нерешени и четири порази, постигна 12 голови а прими тринаесет.

Освојувањето на третото место во квалификациската група е историски пласман на А репрезентацијата на Македонија од осамостојувањето.

Следен предизвик за нашата сениорска репрезентација и шанса за пласман во ЕП 2020 е полуфиналето против Косово во Лигата на нации.