Македонската најсилна фудбалска репрезентација го претрпе четвртиот пораз во главните квалификации за пласман на ЕУРО 2020 во 9 коло од групата  „Г“, Австрија победи со 2:1.

Гостувањето во Виена не мина според нашите желби и планови. Без суспендираните, Николов, Несторовски и Муслиу и без неколкумина повредени меѓу кои и Аријан Адеми и без капитенот Горан Пандев, избраниците на Ангеловски немаа сили за расположениот домаќин.

Австрија поведе со голот на Алаба во 9 минута, асистентот Лаинер го совлада Димитриевски во 48 минута за 2:0.

 

За Македонија дебитираа, Влатко Стојановски, Младеновски и Костадинов. Напаѓачот на Ним имаше неколку убави шанси во второто полувреме а успеа да го совлада Шлагер во 93 минута за конечни 2:1 за Австрија.

Во последното коло од овие квалификации, Македонија во вторник го дочекува Израел во Скопје на „Тодор Проески“.

Пласманот на ЕУРО 2020, нашата репрезентација ќе го бара преку полуфиналето против Косово во Лигата на Нации на УЕФА.