Македонската фудбалска репрезентација до 21 година попладнево го одржа последниот тренинг пред утрешната пресметка со Израел.

Мечот што започнува во 14 и 30 часот на тренинг комплексот „Петар Милошевскки“ може да биде клучен во битката за второто место во групата и евентуален пласман на Европското првенство.

По седум кола, Македонија има два бода предност пред третопласираниот Израел, а до крајот на квалификациите избраниците на Благоја Милевски следниот месец најпрво му гостувааат на утрешниот противник, а во последното коло во Скопје ја пречекуваат Црна Гора.

Македонија до 21 година

#Македонија до 21 година на последниот тренинг спроти утрешниот натпревар против Израел од квалификациите за Евроското првенство.#НапредМакедонија

Gepostet von Фудбалска Репрезентација на Македонија am Montag, 12. Oktober 2020