Македонија загуби од  Австрија 3-1 во првото коло на Ц-Групата на ЕУРО, историскиот меч за нашиот национален тим во Букурешт заврши со пораз, а голот за нашата репрезентација е дело на Горан Пандев.

Нашата репрезентација „изгина“ на теренот во пеколните 90 минути, со супер темпо но и игра во која покажавме дека не сме аутсјадери во групата, сепак загубивме со головите во финишот, 2-1  во 78 минута а е дело на Грегорич, и за 3-1 погоди Арнаутовиќ во 90 минута  .

Лаинер ја доведе Австрија во предност во 18 минута, претходно никој немаше предност во играта, противникот ја искористи правата шанса.

Македонија успеа да израмни 10 минути подоцна со голот на Горан Пандев за 1-1 по првиот дел, историски за нашата легенда и прв за нашиот национален тим на големите натпреварувања.

За одбележување е и одбраната на Столе Димитриевски, тој  ја спаси Македонија од негатива со интервенција која се прераскажува, маестрално реагираше во 63 минута, Грегорич шутираше ефектно, нашиот голман одбрани уште подобро.

Следно за Македонија е дуелот со Украина на 17 јуни, исто така во Букурешт со почеток од 15 часот.