Македонија и Германија одиграа без голови, 0-0 по првите 45 минути во натпреварот од осмото коло од групата Ј во квалификациите за СП во Катар.

Првата шанса на мечот ја имаше Германија преку Томас Милер на што следуваше и уште една полушанса за Гнабри кој беше најопасен во противничкит тим во првото полувреме.

За Македонија две убави шанси, и двете се Елмас. Лоша вест е повредата на Адеми кој мораше да го напушти теренот на „Тодор Проески“ во 29 минута а на негово место влезе Стефан Спировски.

Впечатокот е добар, избраниците на Милевски се обидуваат да му парираат на фаворитот кој не одигра ништо посебно и покрај тоа што почесто ја имаше топката во свој посед а и одлична шанса некаде во 25 минута.

Пред крајот на полувремето, Вернер ја погоди стативата па остана без промени.