По една сериозна шанса на двете страна и пет жолти картони. Ова го донеше првото полувреме на дуелот меѓу Полска и Македонија на Националниот стадион во Варшава во 8 коло од евроквалификациите.

Првиот удар кон голот на Столе Димитриевски го упати Грегор Кришовјак во 10 минута, нашиот голман одбрани по што се повреди па мораше лекарскиот тим на Македонија да интервенира.

Непосредно по овој момент, Горан Пандев доби жолт картон за невнимателн старт а во следниот напад , Роберт Левандовски имаше убава шанса за водство на Полска но не успеа да ја погоди рамката од голот на Димитриевски.

Соиграчот на Елмас од Наполи, Зиелински ја погоди гредата, многу среќа имаше нашата репрезентација во 18 минута.

Бобан Николов заработи жолт картон во 19 минута и поради ова ќе го пропушти следниот меч за Македонија, конкретно на гостувањето кај Австрија следниот месец. Несторовски исто како и Николов заработи жолт картон и тој нема да биде во комбинација за дуелот со Австрија.

Во 37 минута, Македонија ја имаше првата вистинска шанса откако Алиоски биеше од далечина од слободен удар но Шчешни го одбрани неговиот обид.

 

До крајот на полувремето немаше посериозни возбудувања пред двата гола. Полска – Македонија 0:0 по првите 45 минути.