Македонската репрезентација за играчи до 21 година славеше на гостувањето кај Црна Гора со 2:1 во вториот натпревар од квалификациите за пласман на ЕП.

Црна Гора успеа прва да постигне гол, Скендеровиќ го искористи додавањето од Крстовиќ во 10 минута за водство на домаќинот.

Јани Атанасов четири минути подоцна постигна прекрасен гол од слободен удар а конечните 2:1 ги постави во 33 минута од пенал.

Пред крајот на натпреварот (86 и 88 мин) Тошевски заработи два жолти картони и беше испратен на трибините.

 

 

Во следното коло нашата репрезентација ќе го дочека Казахстан, натпреварот е закажан за 15 октомври.