Жешко и бучно беше вчера низ улиците на Букурешт, во зоната каде се забавуваат македонските навивачи пристигнаа и украинските.

Убава атмосфера без инциденти, забавно и гласно, одекнуваше Македонија, Македонија…

Украинците возраќаа од спротивната страна и соседното кафуле, но нашите беа погласни.

Се надеваме дека така ќе биде и на средбата од 15 часот на Националната арена.