Од Варшава: Бранко Илиевски за dribling.mk

Македонската фудбалска репрезентација значително си ги намали шансите (сведени се на теоретски) за пласман на ЕУРО 2020 преку стандардните квалификации откако вечерва загуби на гостувањето кај Полска со 2:0 во 8 коло од групата Г.

Во првото полувреме домаќините ја погоди гредата преку Зиелински а единствената шанса за нас ја имаше Алиоски.

Во второто полувреме Бршчек одлучи да менува, во 68 минута го внесе Милик а во 74 минута Франковски. По ова крилниот напаѓач постигна гол за 1:0 во истата минута во која влезе а Милик реализираше за 2:0 во 80 минута.

Дополнителен проблем за Игор Ангеловски е суспензијата на Илија Несторовски, Висар Муслиу и Бобан Николов кои акумулираа три жолти картони и нема да може да играат против Австрија.

Во следното коло Македонија ќе и гостува на Австрија на 16 ноември а евроквалифиакциите ќе ги заврши на „Тодор Проески“ против Израел на 19 ноември.