Maкедонската млада фудбалска репрезентација не успеа да ја оправда фаворитската улога  против Казахстан од квалификациите за ЕП, откако на домашен терен одиграа само 1-1.

Избраниците на Благоја Милевски со минимална предност и одлична игра заминаа на пауза во мечот против Казахстан во кое имаа шанси да ја зголемат предноста и практички да го решат победникот. Тоа не се случи, а казната стигна во 75 минута кога по еден центаршут во нашиот шеснаесетник најснаодлив беше Омиртаев кој со полуволеј ја затресе мрежата на Јанков.

Македонија на овој меч не го задржа максималниот учинок во овие квалификации и по 3 меча ја дели првата позиција со има 7 поени , но нашиот денешен противник има одиграно 5 натпревари. Следните два меча избраниците на Милевски ги играат на гостувањата кај фаворитот Шпанија, односно Фарските Острови.