Новото засилување на Мол Фехервар, Висар Муслиу ја доби првата шанса за да ги импресионира соиграчите на тренинг.

По трансферот од Шкендија, Муслиу по втор пат во кариерата ќе игра заедно со Николов во ист клуб откако беа дел од ростерот на ФК Вардар во историската 2017 година.

Очекувано, стоперот добива помош за аклиматизација од неговиот репрезентативен соиграч, Бобан Николов.