Аталанта победи со 2:1 на гостувањето на „Артемио Франки“ против Фиорентина во натпревар од 23 коло од Серија А.

Домаќините добро го започнаа натпреварот и на полувреме заминаа со предност од 1:0 благодарение на голот на Киеза од 32 минута.

Во вториот дел Запата израмни во 49 минута, постигнувајќи го осмиот овозезонски гол за него во Калчо лигата.

По ова Малиновски доби шанса од клупата за резерви во 64 минута на месстото на Пашалиќ и за шест минути успеа додавањето од Гомез да го искористи со реализација за гол и пресврт на Аталанта.

Со оваа победа, избраниците на Гасперини се зацврстија на четвртото место на табелата во Серија а со три бода предност во однос на Рома, Фиорентина остана на 14 место.