Еден од најдобрите фудбалери во историјата, Кристијано Роналдо својата светска слава ја стекна во деновите минати во Манчестер Јунајтед во кои дојде во 2003.година.

Тој на еден од тренинзите во тој период им ги претставувал фудбалските вештини на младите деца од школата на Манчестер Јунајтед, меѓу кои се наоѓа и денешниот првотимец на „црвените ѓаволи“ Џеси Лингард.

Свовевремено  легендарниот Сер Алекс Фергусон, имаше само пофални зборови за тогаш младиот Португалец за кого велеше дека има брзина, инстиктивно движење, игра со двете нозе, способност да игра перфектно на крилната позиција, но и во нападот.