34-годишниот Алберто Аквилани на својот Инстаграм профил објави дека ја завршува професионалната фудбалска кариера, откако последниот негов ангажман беше во сезоната 2017/18, кога настапуваше за шпански Лас Палмас.
Поранешниот фудбалер на Рома, Ливерпул, Јувентус, Милан, Фиорентина и италијанската репрезентација, со своите игри на почетокот на кариерата најавуваше дека би можел да биде еден од најдобрите фудбалери од средниот ред на неговата генерација, а медиумите поради сличностите со легендарниот Џузепе Џанини го нарекоа „малиот принц“.
По напуштањето на Рома и трансферот во Ливерпул, Аквилани се соочи со големи проблеми при навикнувањето на англискиот фудбал, бројните повреди, а проблемите се зголемија кога Рафа Бенитез го напушти Ливерпул.
„После период на размислување се одлучив да ги „закачам копачките на клин“. Доаѓа време за се. Дојде време и за некои различни патишта, но еднакво привлечни. Долго размислував и мислам дека ја донесов вистинската одлука. Имав неколку понуди, но мислам дека е време за крај.“ – напиша Аквилани.
Be the first to write a comment.