„Црвените Ѓаволи“ со победа ги комплетираа контролните натпревари ова лето откако го совладаа Милан со 3:2 по изведувањето на пеналите на дуелот кој вечерва се играше во Кардиф.
Рашфорд го отвори резултатот во 14 минута, Сусо израмни на 1:1 во 26 минута, резултат со кој се замина на пауза. Во второто полувреме, по центашутот на Сусо, Линделоф си постигна автогол а на 2:2 израмни Лингард во 72 минута.
Победникот на овој натпревар на Интернационалниот шампионски Куп беше решен по изведувањето на пеналите.
Лингард, јанг, Гринвуд, Гомес и Џејмс беа непогрешливи од белата точка, за Милан погодија: Чалханоглу, Бонавентура, Силвам и Круниќ а младиот Малдини не успеа да го совлада Де Хеа.
Comments are closed for this post.