Манчестер Јунајтед се пласираше во осминафиналето од Лига Купот на Англија со победата кај Лутон од 3:0.

Солскјер ротираше, дебитираше Хендерсон меѓу стативите а головите ги постигнаа Мата, Рашфорд и на Гринвуд.

 

Вест Хем без проблеми мина кај Хал и покрај тоа што двајца фудбалери и тренерот Мојс непосредно пред мечот дознаа дека имаат Ковид-19.

Снодграс, Халер, и Јармоленко беа прецизни во победата на „чеканите“ од 5:1.

Пласман во следното коло обезбедија и Бренфорд кој ја елиминираше ВБА и Њупорт кој успеа да го совлада Вотфорд.