Манчестер Јунајтед успеа да слави со 3:1 против Барнли во меч кој изобилуваше со доста интересни моменти, шанси за голови и на двете страни.

Првото полувреме мина без голови, а голеадата започна уште на стартот на второт. Во 48 минута Мејсон Гринвуд донесе водство за Црвените ѓаволи, а не се чекаше долго на вториот гол за израмнување на Џејмс Тарковски, тој по еден корнер стрелаше во 50-тата минута.

Ново водство за Јунајтед со вториот гол донесе Мејсон Гринвуд во 84-тата минута, а конечните 3:1 ги постави Единсон Кавани во 93-тата минута.

Со оваа победа Манчестер Јунајтед се зацементирува на втората позиција, имаат осум бода помалку од Манчестер Сити, кој е лидер, но и 10 повеќе од третиот Лестер. Барнли пак ќе се бори за опстанок, иако мисијата и не им изгледа многу тешка, на седумнаесеттата позиција имаат шест бодови повеќе од Фулам, кој прв под црвената линија, но и натпревар помалку.

Standings provided by SofaScore LiveScore