Манчестер Јунајтед стигна до третата победа во низа на гостувањата кај Манчестер Сити откако славеше со 2:0 во дербито на 27 коло во Премиер лигата.

Бруно Фернандес од пенал во 1 минута го отвори резултат, ова беше најбирзиот гол кој го примил Сити на домашен терен по оној на Малбранг во 2000 година за Тотенхем.

На 2:0 зголеми Лук Шо по една неверојатна контра во три потези која започна преку Хендерсон.

Ова за Манчестер Сити беше прв пораз по 28 натпревари, по оној од Тотенхем во 9 коло од Премиер лигата, воедно и прекин на низата од 21 победа по ред.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Во следното коло Манчестер Сити го дочекува Саутепмтон а Манчестер Јунајтед е домаќин на Вест Хем.