Трет пат во оваа натпреварувачка година, Манчестер Јунајтед го совлада Челси, за прв пат по сезоната 1987/1988 , славеше на двата првенствени натпревари во Премиер лигата.

Ова откако „Црвените Ѓаволи“ славеа со 2:0 во дербито на 26 коло од Премиер лигата.

Ентони Марсијал го отвори резултатот во 45 минута од првото полувреме по асистенцијата на Ван Бисака.

На 2:0 зголеми Хари Мегваер по додавањето на новото засилување на Јунајтед. Фернандес.

На момците на Лампард им беа поништени два гола, еден во 56 минута кога Зума ја затресе мрежата на Де Геа а по втор пат ВАР собата го поништи славањето на „Сините“ во 77 минута по поради офсајд на Жиру.

Со оваа победа, Манчестер Јунајтед се искачи на седмото место на табелата со 38 бода, три повеќе има Челси кој останува на четвртата позиција. Во следното коло Челси ќе го дочека Тотенхем а Јунајтед е домаќин на Вотфорд.