Оле Гунар Солскјер ќе има што да им каже на неговите напаѓачи откако голманот на Копенхаген Јохнсон беше најдобриот поединец во четвртфиналето од Лига Европа помеѓу Јунајтед и Копенхаген.

Регуларните 90 минути во Келн не донесоа голови, еден поништен, оној на Гринвуд во 45 минута поради офсајд.

Победничкиот и единствен гол на мечот го постигна Фернандес од пенал во 94 минута, фаулиран беше Марсијал.

Јунајтед упати вкупно 26 удари кон голот на противникот, 14 пати во рамките на голот, Копенхаген ниту еднаш не го тестираше Ромеро.

Во полуфиналето, Манчестер Јунајтед ќе игра со подобриот од дуелот на Вулвс и Севиља.