Фудбалерите на Манчестер Јунајтед го одиграа еден од најдобрите мечеви сезонава во мечот против Брајтон на кој славеа со 3-1.

Избраниците на Солскјер веќе по 19 минути имаа водство со 2-0, со головите на Переира и автоголот на Пропер. Во вториот дел Брајтон со голот Данк во 64 минута ја врати резултатската неизвесност, но веќе во следниот напад Јунајтед го врати ударот и со погодокот на Рашфорд ги постави конечните 3-1. Одличен на денешниот меч во тимот на Солскјер беше Ентони Марсија кој запиша две асистенции.

Во следното коло „Црвените ѓаволи“ гостуваат кај Шефилд Јунајтед кој е вистинска сензација оваа сезона.