Манчестер Сити е првиот финалист во Лигата на шампионите, екипата од Англија запиша и втора победа против ПСЖ, сега со 2-0, со двата гола на Марез, по еден во првото и второто полувреме.

Марез го најави финалето на Сити со гол во 11 минута, ПСЖ, промашуваше во продолжението на првиот дел кој заврши гол предност за домашната екипа.

И во вториот дел сличен развој на настаните, ПСЖ играше отворено, имаше и шанси но Сити запиша гол, повторно Марез кој погоди во 63 минута.

До крајот на мечот, ПСЖ играше со играч помалку откако Ди Марија доби директен црвен картон во 69 минута. Сити е првиот финалист во Лигата на шампионите, кој ќе му се приклучи во финалето ќе се знае утревечер по дуелот Челси-Реал Мадрид.