Англискиот фудбалски шампион Манчестер Сити победи против екипата на Јокохама Маринос 3-1 во последниот меч од азиската турнеја пред новата сезона.

Кевин Де Бруин го отвори резулататот во 18. минута, водство кое траеше само неколку моменти. Израмнувачки погодок на спротивната страна го постигна Кеита Ендо.

На пет минути до крајот на полувремето, Рахим Стерлинг вторпат ја затресе мрежата на Јокохама, по асистенција на Де Бруин.

Победата ја завери младиот Лукас за конечни 3-1 и победа на „граѓаните“ на овој меч.Новата сезона во Англија веќе започнува наредната недела кога и официјално ќе се одигра мечот од англискиот Супер Куп попознат како Комјунити Шилд каде Манчестер Сити ќе се сретне со лондонски Челзи.