Манчестер Сити успеа да ја запише 21-та победа во серија. Дека се во голема форма покажаа и во мечот со Вулверхемтон, каде убедливо победија со 4:1

Мечот со автогол во 15-та минута го отвори Леондер Дендокер, за водство на Манчестер Сити, со 1:0.

Во вториот дел израмни капитенот на Вулвс, Конор Коади, во 61 минута. За 2:1 стрелаше шпицот на Сити, Габриел Хесус, со гол во 80-та минута.

За 3:1 во 90-тата минута стрелаше Ријад Марез, а конечните 4:1 со гол во 93-тата минута ги постави Габриел Хесус со вториот гол.

Со оваа победа Манчестер Сити останува на врвот со 15 бода повеќе од вториот Манчестер Јунајтед.

Standings provided by SofaScore LiveScore