Манчестер Сити победи на гостувањето кај Борусија Менхенгладбах со 2:0 во првиот осминафинален дуел во Лигата на шампионите, каде бундеслигашот беше домаќин но на „Пушкаш Арената“ во Будимпешта.

Бернардо Силва го отвори резултатот во 29 минута, Габриел Жезус зголеми на 2:0 во 65 минута.

 

Реваншот во Манчестер ќе се игра на 16 март.