Шампионот на Англија со победа над Јокохама 3-1, ја заврши турнеата по Азија. Сити се мачеше на оваа средба но успеа да запише победа.

Кевин де Бруин го отвори резултатот во 18 минута. Јокохама израмни по пет минути игра преку Ендо. Сити преку Стерлинг во 40 минута повторно доаѓа до водство, 2-1, резултат на полувремето. Конечните 3-1 ги постави Лукас во 92 минута.

Следно за Сити е дуелот со Ливерпул на 4. август, натпревар за трофејот во „Комјунити шилдс“, шампионатот во Англија започнува на 10 август, Сити во првото коло се среќава со Вест Хем.