Актуелниот шампион на Англија, тимот на Манчестер Сити славеше со 3-0 над Астон Вила во вториот меч од 11 коло во Премиер лигата.

Избраниците на Пеп Гвардиола отпорот на гостите го скршија на стартот од вториор дел, откако по една одлична асистенција на Габриел Џезус, Рахим Стерлинг го постигна 7 гол сезонава.

„Граѓаните“ победата ја осигураја во 65 минута преку Де Бруин, а само 5 минути подоцна Гундоган ги постави конечните 3-0.

Со оваа победа Сити ја намалија предноста во однос на лидерот Ливерпул на само 3 бода, но „црвените“ својот меч го играат утре против Тотенхем на „Енфилд Роуд“.